Е ако ова не ги убеди анти-ваксерите, тогаш не знаеме што!
Владата најавува нова мотивација за секој што се уште се нема вакцинирано!
Имено, секој човек што ќе биде вакциниран ќе добие еден тикет за наградна игра! Тие тикети ќе бидат ставени во еден голем сад, а потоа со преност на телевизија Марјана ќе извлече 1000 тикети кои ќе добијат фискална сметка во вредност од 100 денари!
"Секој ќе има шанса за да добие фискална сметка, а најдобрите ќе ја имаат шансата да ја скенираат и да добијат 0.05 денари после скенирање! Има премногу 90 годишни баби и дедовци по селата кои се уште се немаат вакцинирано, а веруавме дека после ова ќе се фатат за смартфонот, ќе тркнат го Гугл Плејсторот, ќе даунлоудираат апликацијата, а потоа ќе се вакцинираат и ќе чекаат да добијат сметка на награда!" - вели Венко Филипче кој продолжува "Сакавме и ние како Србија да дадеме пари... ама то е, немат пари."
Граѓаните делуваат презадоволни со оваа идеја!
"Шанса да добијам 0.05 денари? Секоја вакцина ми носи еден тикет во извлекувањето? Аууу има минимум 20 пати да се вакцинирам, поголема шанса за добивак! Одлична идеја! Се двоумев дали да се вакцинирам... ама дефинитивно оваа работа ме разубеди!" - вели Перо Митревски, 39 годишен жител од Гази Баба, кој посака да остане анонимен при давањето на изјавата за нашиот сајт.