logo

# Сатира

МОТИВАЦИЈА! БЕСПЛАТНА КЕСА ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА!

насловна слика

Конечно! Мотивација за анти-ваксерите!

 

Имено, министерството за здравство објави дека секој човек што ќе се вакцинира до крајот на годинава ќе добие бесплатна кеса!

 

Ова, според министерството, би требало да ги мотивира граѓаните што се уште се немаат вакцинирано, а како што велат, резултатите би требало да бидат лесно видливи во првата недела од воведувањето на оваа мотивациона мерка.

 

"Немаме пари како Србија или САД или што ти знам. Ама затоа имаме кеси. Кој ти дава петнаес денари батец? Ем си здрав ем си имаш кеса. Лапај си!" - изјави Венко Филипче на прес за новинарите.

 

Граѓаните делуваат презадоволни со мерките.

 

"Ја сум вакциниран, ама еве, ќе одам пак чисто за кеса да лапнам. Кеса - кеса, а ич?!?!?" - вели еден граѓанин.

Коментари


Остави коментар