logo

# Сатира

Морачанин: Храната треба да поскапи за граѓаните помалку да јадат и да не се дебелеат

насловна слика

Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на вечниот коалиционен партнер во секоја влада, ДОМ, по денешниот предлог струјата да поскапи за граѓаните повеќе да штедат, промовираше уште едно генијално решение за посреќна и поздрава нација - поскапување на храната со цел искоренување на дебелината и болестите поврзани со неа.

 

- Ако се прашувам јас секое јадење што дебелее треба да се оданочи со 10000% данок. Кога лебот ќе биде 2-3000 денари, а маслото 9000, ќе видиме дали некој ќе има проблем со дебелината. Затоа, барам поддршка оваа идеја да се преточи во закон за заштита на јавното здравје за државата да ги заштити граѓаните од својата алчност. - изјави таа.

 

Од законот ќе бидат изземени сите функционери и службеници кои поседуваат бланко државни картички, затоа што во описот на нивната работа е да ждерат службени ручеци и да го жртвуваат своето здравје за доброто на сите.

Коментари

hd2oLTsYOyjBcnGUcTksjqfL8WJOCLXAMx6as0x7

VIDI I JA FACATA I SE E JASNO...SELENDRA

DSq4omUH1N5kzQNA21dNlMoY3MO5AXBfwcznSG3z

Uz tova, cuskite ce odat povecko

zUmWCMEl1Fx3PWusk9a7WxVJ9JgSUaJG6mfQ4MYJ

Koja budalashtina

halSC6eosVFf5MQeOqPhof2MZ1EM0xC2B7FaOWmu

кај да е и без муабетов на рибава полека и нежно ќе станеме тревопасни животињи, така да поскапуењето на струјата нема шо да не загрижуе, од трло у ливада, од ливада на молзење, па опет у трло....


Остави коментар