logo

# Сатира

Моќта на песната: Иселеници од цел свет се враќаат во земјава за концертот на Цветанка Ласкова

насловна слика

Трајче М. од Сиднеј, Македонец кој се иселил во Австралија пред повеќе од 3 децении е само еден од илјадниците иселеници кои по веста за големиот камбек на Цветанка Ласкова, нагрнаа да се вратат во својата родна грутка за да присуствуваат на спектакуларниот концерт на ѕвездата од нивната младост. 

 

Во краткиот разговор за Кооперација, Трајче изрази огромна благодарност до Министерството за култура затоа што инвестира во вистинските вредности и на тој начин драстично ја подобрува културната сцена во земјава, за што доказ е неговото враќање, но и враќањето на армијата фанови на Цветанка. 

 

- Заминав во исто време кога мојата омилена пејачка одлучи да се повлече од естрадата и да се посвети на политиката. Моите ме молеа да останам, но без музиката на Цветанка немаше што да ме задржи тука. И еве, за прв пат после 35 години се враќам затоа што таа се врати на сцената. - објасни Стојче од Сиднеј.

 

Засега локацијата на која ќе се одржи концертот се држи во тајност, но судејќи по невидениот интерес во јавноста, најверојатно тоа ќе биде стадионот Тоше Проевски, кој по се' изгледа ќе се полни повеќе пати.

Коментари

Златко

Trajče ili Stojče?

jVQuudXrKFvyoRQabfcSY328WfukegjQo0SNaiFU

Vi gi plakjaat kartite ili?

j82AOuGMnUIeheZLR3fXZI0Rk0X3qJCVSiff2BXy

Da

cdlmxYxU4PpDk3PYl1yOZNKNpVXkgA0dHwUavBx9

ZA CVETANKA MOZE I KARTI DA IM PLATAT, A ZA GLASANJE GI IZBRISAA MAKEDONCITE OD DIJASPORATA. SRAMOTA

cdlmxYxU4PpDk3PYl1yOZNKNpVXkgA0dHwUavBx9

ZA CVETANKA MOZE I KARTI DA IM PLATAT, A ZA GLASANJE GI IZBRISAA MAKEDONCITE OD DIJASPORATA. SRAMOTA

vQxkRd8Q94m8OEb7NV4NEo9LR3nYX2H5N024FrOO

Ако беше пејачка ќе пееше нејќе да оди во политика машина за пари


Остави коментар