logo

# Сатира

МоеКОЛЕДЕ: УЈП промовираше апликација за поврат на коледе

насловна слика

Управата за јавни приходи денес ја презентираше апликацијата МоеКоледе, со која граѓаните ќе можат да извршат поврат на 10% од вредноста на добрата или парите што им ги дале на коледарчињата.

Според УЈП оваа апликација, освен повратот, ќе овозможи и увид во приходите на коледарите, со што ќе може да се утврди и данокот кој тие ќе треба да ѝ го платат на државата.

Апликацијата може да се симне бесплатно од страната на УЈП, а користењето од страна на коледарите ќе биде задолжително и ќе го контролираат инспектори кои на Бадник ќе бидат на терен.

Коментари


Остави коментар