logo

# Сатира

Младите комарци бараат итно прскање против нивните повозрасни колеги: Нема доволно крв за сите!

насловна слика

Најавеното прскање против возрасни комарци на територијата на град Скопје, кое требаше да се случи пред неколку месеци, ги крена на нозе младите комарци, кои преку своето Здружение на млади комарци (ЗМК) поставија ултиматум до градските власти, во кој побараа неодложен старт на прскањето против постарите колеги, затоа што нивниот број е преголем за да можат сите да се прехранат.  

 

- Бараме шанса за нас младите. Не како до сега да гледаме едни те исти како цел живот цицаат од кај ќе стигнат, а ние ако се снајдеме – се снајдеме. И после се иселувале младите од тука. Па нормално дека ќе се иселуваме. – ни рече еден од членовите на ЗМК.

 

Доколку ултиматумот не биде исполнет до утре, тие најавија масовно аплицирање за бугарски пасош и трајно напуштање на Република Нашата земја.

Коментари


Остави коментар