logo

# Сатира

MK-EXIT? Заев сака да излезе од унија што не прифаќа бегалци!!!

насловна слика

Зоран Заев очигледно не е задоволен од недостатокот на емпатија меѓу земјите членки на ЕУ, а и останатите пропалици земји како Швајцарија што не е член на ЕУ. 

 

Имено, премиерот најави дека сериозно размислува да започне процес за повлекување на државава од Европската Унија, бидејќи како што вели тој, тоа да се биде дел од унија што не прифаќа повеќе од 5 бегалци од Авганистан го руши угледот на државава.

 

"КАКО НЕ ИМ Е СРАМ! Не сакале повеќе од 5 бегалци да приберат??? Со вакви ли ќе градиме унија бе? Некои па уопште не ни сакаат да примаат бегалци! Срамота! Шок! Неверување! Не ни сакам да бидам во унија со вакви себични, никакви, пропалици од држави! Многу веројатно ќе започнам процес за напуштање на Европската Унија! Време е за МК-ЕКСИТ од Европската Унија! Не смееме повеќе да бидеме дел од ваква унија!!!" - изјави видно нервозниот Заев на прес за медиумите.

 

Пробавме да му кажеме дека државата не е членка на Унијата и покрај тоа што веќе 20 пати има добиено одлични вести во авион, но Заев немаше време за вистината и ни кажа:

 

"Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред." - по што се сврте и замина.

Коментари


Остави коментар