logo

# Сатира

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ОГРАНИЗИРА КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ВИЦ НА ГОДИНАТА

насловна слика

„Точно  е, конкурсот е веќе во тек еве неколку часа и морам да напоменам дека толку многу не сум се смеела одамна, ехее... Навистина, нашата земја има изобилство од вицкасти луѓе, па како министерство си рековме зошто ете, да не ги собереме на едно место и да си кажуваме вицеви. Секој виц мора да биде кажан во живо, сѐ со цел да не откриеме некој поттекст па некој таму да помисли дека има политичка конотација. Не! Транспаренти сме и овде и таму и сега и потоа. Ова не сум го кажала гласно, но еве се докажува дека е така и е многу важно за граѓаните – од мала сум сакала да бидм министерка за култура и еве мојата желба се исполни! Мамо, тато! Ве сакааам!“

Рече, кутрата.

Коментари


Остави коментар