logo

# Сатира

МИНИСТЕРКАТА СКАФАНДЕР ВО АКЦИЈА: Преговарам со Маск за јазикот да стигне уште подалеку од најдалеку!

насловна слика

„Да, точно е, на овој историски ден еве тргам сега за кратко на Миконос, каде вечерва преговарам со почитуваниот господин Маск за отварање на ново поглавје за јазикот на нашата земја. Уверена сум дека ќе постигнеме значителен договор при ширењето на јазичната култура на нашата земја далеку, уште подалеку од најдалеку во вселената - каде ќе настапуваат театарџиите, музичарите, поетите.  Имено, затоа и ја продаваме „КУЌАТА НА ЗЕТОТ“ во Галичник, за соодветно да го исплатиме господинот Маск за заслугите со кои јазикот на нашата земја ќе допре подлабоко, сега извинете ме, морам да се спремам за Миконос.“

 

Рече забрзаната Министерка додека избираше скафандер за заштита од сонце како подарок од земјата на сонцето до белиот господин Маск.

Коментари


Остави коментар