logo

# Сатира

МИЛО ЗА ДРАГО: Струга го стави Џо Бајден на црната листа на општината

насловна слика

Заострувањето на дипломатските односи помеѓу општина Струга и Соединетите американски држави (САД), што започна денес со ставањето на Рамиз Мерко на црната на САД, вечерва го достигна својот пик откако Советот на општината одржа итна седница на која, со апсолутно мнозинство, изгласа забрана за посети на општината за претседателот на САД, Џо Бајден.

 

Како што дознаваме, забраната стапува на сила веднаш и ќе важи на територијата на цела општина, а покрај Џо, забранет пристап добија и членовите на неговото потесно семејство, додека сите американски граѓани што сакаат да ја посетат Струга, најпрвин ќе мораат да докажат дека не се во сродство со Бајденови, па дури потоа ќе добијат дозвола за посета.

Коментари

DePrMMOncSExLu9hbsfD3jOGYGO0FbDGTwU7Kn30

,,Samo ,,RECIPROTITET,, pa da vidat koj e ,,Merko,, bez denovi na Ohridskoto Ezero. Sto e Merko bez Ohridsko Ezero. bez denovi na ezeroto posle 22 godini.Ova e grev za ezeroto a sramota za gradonacalnik pa bilo ko i da e.

WArarETjzNTw6sTUEMwp0OCQJNTKgBmZrt0xAmqi

Браво бре Мирко


Остави коментар