Поранешната министерка за образование предлага прекинување на предмет!
И нели, ова би било стара вест, освен ако зборовите што следеа не беа "а тој предмет да биде Македонски!"
Имено, Мила Царовска смета дека предмот "Македонски јазик" треба да се прекине, бидејќи "многу букви од нашата азбука се слични со букви од Руската азбука", па според Царовска ова значи дека младите во земјава ќе можат лесно да сфатат добар дел од Руската пропаганда со која што се справуваме секојдневно!
"Мора да се бориме против Руската пропаганда на секаков начин. Еве, замислете, мало дете. Има седум години. Научило да чита и да пишува на Македонски и решило да ги бара буквите на интернет? И што може да најде таму? Постови и веб-страници од Русија! И ќе проба да чита... и што ќе дознае? Руска пропагнда! Така Русија ги радикализира децата уште од млади години! Арно ама, ако се укине Македонскиот јазик како предмет... тогаш детето нема да разбере ништо од Руската пропаганда! Ви текнува?" - изјави Царовска.
Иако звучи чудно... се сложуваме. Мора да се бориме против злото на секој можен начин.