logo

# Сатира

Мила Царовска: АВСТРАЛИЈА ОПЕН ДА СЕ ОДРЖИ ОНЛАЈН!

насловна слика

Во свет полн со Австралијанци и Новаци - биди Мила Царовска.

 

Додека светот се подели на два табори поради ситуацијата со Новак Ѓоковиќ и Австралија Опен, поранешната министерка за образование, поранешната минитерка за труд, поранешната министерка за социјала и идна поранешна минситерка на некое друго министерство пренесе генијална идеја за решавање на проблемите меѓу Новак и Австралија.

 

Имено, таа вели дека целиот турнир треба да се одржи онлајн.

 

"Срамота е. Во 2022 уште се одржуваат турнири? Па срамота е. Седнете малце, прочепкајте на интернет, видете што се дешава во светот. Постои Virtual Reality. Постојат милион работи. Не очекував ваква земја како Австралија да биде олку заостсаната. Ако се прекинеше Австралија Опен исто како што јас го укинав предметот "Историја', тогаш овие проблеми немаше да постојат. Ќе беше онлајн турнирот и немаше ни Новак ни Австралија да има проблеми. Ама тоа е, кој не учи од историјата е приморан да ја повторува. Здравје, се надевам ќе научат од ова и ќе го сменат турнирот со нешто онлајн. Време е, 2022 е сепак!" - изјави Мила Царовска во интервју за нашиот сајт.

Коментари

FmR5PCt0lrzCLkTsplSl1jF9EhSjkUyePRz8XQRV

мила на мајка , уште ли ќе ја тормозиме…..ајде доста е, нек се прибере у градинка…има испуштено доста лекции по домаќинство


Остави коментар