logo

# Сатира

МИЈАЛКОВ: Заштедив 11 000 000€ откако се префрлив од пластични кеси на платнени торби

насловна слика

Господинот Сашо Мијалков, попознат во јавноста како средно богат бизнисмен, а од денес и како бивши притвореник, денес веднаш по излегувањето од притвор обзнани како успеал да заштеди повеќе од 11 милиони евра, средства кои ги плати како кауција за да се брани од слобода.

 

- Има веќе 20 дена како со очи не сум видел пластична кеса. Продавачката во притворската кантина ми е сведок! На почетокот користев платнени торби за да ја заштитам природата, но после сфатив дека на тој начин и штедам пари. 11 милиони евра се 45 милиони кеси по 15 денари, кои и така ќе ги купев месецов. Наместо тоа, јас си излегов од притвор со кауција, но и повисока еколошка свест. – изјави Мијалков ексклузивно за Кооперација.

 

Тој најави дека и понатаму ќе продолжи да ја спроведува оваа пракса и според неговите груби проценки, со ова темпо, до наредната Нова Година очекува да собере околу 200 милиони евра кои ќе ги искористи за идни кауции.

Коментари


Остави коментар