Човекот што е познат по тоа што е близок до Никола Груевски, Зоран Заев и Перо (Перо не е познат лик од политиката, еднаш го фатиле како краде ќебапи од ресторан, па во моментов неговата ќелија е блиска до таа на Мијалков) со нова понуда до обвинителството!
"Ок, ок, добро, не ви прават мерак 11 милиони евра. Сфаќам. Ајде да пробаме со нова понуда. Единаесет милиони евра, еден кусур мастика со вкус на ментол и 0.00005 биткоини! Знаете ли вие колку пари се овие биткоини? Не? Па добро, ни јас не знам, цело време се менуваат цените. Ама еј, замислете еден ден колку ќе вредат!!!" - објасни Мијалков кон обвинителството.