Во ексклузивна изјава за Кооперација, господинот Сашо Мијалков, чиј син денес ги откупи становите кои државата ги одзеде од татко му, објасни дека помогнал во откупувањето на само два стана, затоа што толку можел со шоферска плата.
Откако судот ми зеде сѐ, работев и по неколку смени на ден како шофер во затворот за да можам да си го вратам она што е мое. Сум штедел на сѐ само за да тргнам некој денар на страна и среќа успеав. - изјави господинот Мијалков.
Како што ни пренесе тој, сите останати станови се откупени со брз кредит, кој неговиот син во очај го подигнал, сѐ со цел да си го врати имотот кон кој е емотивно приврзан и да се врати во своите стари домови.