Господинот Сашо Мијалков, кој од денес стана жител на Охрид, со постојана адреса во струшкиот затвор Тефериќ, е нов сопственик на овој казнено-поправен дом, откако денес го откупи од државата за сума од 15 милиони евра.
Од министерството за правда, под чија ингеренција е овој комплекс, велат дека се договориле објектот да продолжи да функционира како затвор додека се работи на хотелот, со таа разлика што новиот сопственик ќе има целосна автономија при изборот на чуварите и затворениците, кои ќе плаќаат за привилегијата да работат т.е. да лежат таму.
Како што дознаваме, покрај милионите кои господинот Мијалков ги платил во кеш, тој ветил и дека ќе ги донира старите душеци од Мериот за затворите во земјава, што било клучно за државата да ја прифати неговата понуда.