logo

# Сатира

Миел раце по препораките на СЗО - го пронашол изгубениот прстен

насловна слика
Придржувањето кон препораките на Светската здравствена организација за редовно и темелно миење на рацете, му донесе среќа на еден наш сограѓанин, кој успеал да пронајде прстенот што го загубил пред повеќе од пет години.   Граѓанинот кој сакаше да остане анонимен, ни објасни дека прстенот всушност не бил изгубен, туку цело време се наоѓал на неговата рака, но поради неправилното и прилично ретко миење на рацете, бил покриен од неколку слоеви нечистотија и воопшто не се гледал.   Тој најави дека планира истата процедура да ја примени и на нозете, затоа што пред повеќе од 10 години загубил многу драги чорапи, за кои се сомнева дека му се сѐ уште на нозе.

Коментари


Остави коментар