logo

# Сатира

Мицковски вети дека ќе го врати Косово ако освои 80 пратеници

насловна слика

Српското малцинство во земјава доби гаранција од лидерот на техничката опозиција, Христијан Мицковски, дека доколку го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, тој лично ќе се погрижи Косово да биде вратено во рамките на Србија.

Мицковски, претходно гарантираше дека со 80 пратеници т.е. со двотретинско мнозинство во Собранието ќе го врати старото име на земјава, а добрата реакција кај јавноста го инспирирала да го прошири списокот на работи на кои ќе изврши поврат.

Tака, во наредниот период ќе следи и нова серија ветувања, па се очекува да биде ветено враќање на: Пирин и Егеј заедно со Солун, старото знаме на земјава, оградата околу влада, насмевката на лицата на граѓаните, како и ̶у̶к̶р̶а̶д̶е̶н̶и̶т̶е̶ ̶п̶а̶р̶и̶ ̶о̶д̶ ̶б̶у̶џ̶е̶т̶о̶т̶.

Коментари


Остави коментар