Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и човек што навистина обожава метеорологија - Христијан Мицкоски со нов одличен пост на неговиот фејсбук профил успеа да ги замолкне хејтерите.
На постот имаше слика од него на плажа, а како и вообичаено само ја гледавме неговата глава додека во позадина имаше море, плажа, ајкула и генерално идилична атмосфера.
Освен ова селфи, после пола саат гледање на сликата, сфативме и дека има текст над неа. Еве што вели Мицкоски.
"Жешко лето, а? Е жешко.. ви текиња кога ви зборев дека следи жешко македонско лето??? Не ви текиња...како бе не ви текиња, на фејсбук имав статуси, па и се собравме 5-6 луѓе на улица... де бе, стварно не ви текиња? Нема врска, ја ви предвидов ова... е сега некои тогаш мислеа дека јас зборам за полтиика, протести, сериозност... ама уствари временска прогноза ви давав... е сега печете се на жешково кога не ме слушате..."