logo

# Сатира

Мицкоски за сликата со осомничениот: "ФОТОШОП Е! ЈАС НЕМАМ ДРУГАРИ ИЛИ СОЦИЈАЛЕН ЖИВОТ!"

насловна слика

Лидерот на ДПМНЕ со осуда кон сите што ја објавија сликата од него и Ангело Ѓоргиевски - првоосомничениот во случајот за убиството на ракометарот Денис Тот.

 

Тој вели дека сликата која се шири низ социјалните мрежи е фотошоп и е невистина, бидејќи како што вели тој "нема социјален живот нити пријатели".

 

"Фотошоп е сликата! Верувајте ми, знам да препознаам фотошоп, 5 профили на Мелита Ракичевиќ имам на фејсбук! Таа слика е фотошоп. Не го знам дечкото. Не ми е пријател. Немам јас никакви пријатели. Немам ни социјален живот. По цел ден седам дома на фејсбук и правам селфиња. Од време на време ќе излезам да планинарам за да ги оддалечам мислите од депресивната реалност дека сум осамен човек кој нема никакви пријатели. Ете,  видете ја сликата, очигледно е сликано некаде во дискотека или кафана. Дали ви делувам како човек што би излегол во кафана или диско? Стар сум јас за одење во дискотеки. Нели, и кога бев млад никој не ме викаше во дискотеки, ама друга ми е поентата..." - изјави Мицкоски.

 

 

Коментари


Остави коментар