Конечно! Мислењето што сите го очекувавме во ситуацијата меѓу Русија и Украина!
Христијан Мицкоски конечно одговори и се изјасни за тоа чија страна ги добива неговите симпатии во овој конфликт.
Имено, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше запрашан за неговото видување за ситуацијата меѓу Украина и Русија, а тој брзо, недвосмислено и еднсотавно одговори: "За Изрел сум. Израел има право да се одбрани."
Нашиот новинар проба да му објасни дека прашањето е за Руско-Украинскиот конфликт а не Израелско-Палестинскиот, па Мицкоски се објасни дека нема став за тоа прашање.
"А бе каква Украина, каква Русија, каква Македонија. Знаете немам мислење и став за било што друго освен за ситуацијата со Израел и Палестина. Само за Израел сум и ништо друго. Гитла сеа." - одговори Мицкоски пред да се упати во Израелската амбасада.