logo

# Сатира

Мицкоски за пописот: ИЗРАЕЛ ИМА ПРАВО ДА СЕ ОДБРАНИ!!!

насловна слика

Можеби многумина се шегуваат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема став за работите во ситуацијата и дека способноста за мислење и оформување на сопствени ставови му е еднаква со неговата харизма - но сепак Христијан Мицкоски, храбро, машки, моќно, лавовски и недвосмислено згрме на прес-конференција за медиумите!


Еден од присутните колеги новинари го запраша кој е неговиот став за пописот, бидејќи сепак минатата пролет тој беше против истиот, но сега не делува како да има некое мислење за или против пописот.

 

Одговорот беше следниот:

 

"ЈАС СУМ ЗА ИЗРАЕЛ! ИЗРАЕЛ ИМА ПРАВО ДА СЕ ОДБРАНИ ОД ПАЛЕСТИНА! ОВИЕ ОД ПАЛЕСТИНА ДЕЛУВААТ МАЛЦЕ ГЛУПО! НАПРЕД ИЗРАЕЛ! ДО ПОБЕДА!!!"

 

Еден од новинарите проба да објасни дека овој одговор нема никаква врска со прашањето, а Мицкоски врати со: "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред." по што се сврте и си замина.

Коментари


Остави коментар