Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ секој ден открива нови детали од тактиката на партијата за престојните локални избори.
Според него, не е сигурен дели ќе имаат успех во градовите, но сепак останува оптимист!
"Добро, рано е за претпоставки. Ама според сите анализи што ги направив изгледа дека нема да имам голем успех во градови, но сепак, анализата покажува дека ќе доминирам во села" - изјави Христијан Мицкоски.
Веднаш потоа до редакцијата на нашата страница дојде демант од Зијадин Села во кој се вели:
"Не знам овој Ристијан што си мисли да анализира, ама нема да доминира во Села."