logo

# Сатира

МИЦКОСКИ: ВИСТИНСКОТО МНОЗИНСТВО Е ПРИЈАТЕЛИТЕ ШТО ГИ НАПРАВИВМЕ!

насловна слика

Ете, конечно и во државава да има човек што знае што е навистина битно во животот. Секако пријателите, па се друго!

 

Иако не успеа да добие парламентарно мнозинство, Христијан Мицкоски вели дека е пресреќен од се што се случуваше во последните десетина денови!

 

"Вистинското мнозинство? Мислев дека е во бројките. Но на крај сфатив дека... вистинското мнозинство се пријателите. Па моето срце доби мнозинство со нови 50-60 пријатели! Знаете ли колку е добро чувството кога ќе седнете на маса и ќе правите муабет со пријатели? Нема ништо подобро! Освен вистинско мнозинство во парламентот. Ама не би знаел, бидејќи нели, немам парламентарно мнозинство. Ама додека не го искусам тоа... сметам дека вистинското мнозинство се пријателите!" - вели Христијан Мицкоски, ентузијаст за планинарење, а во слободно време пријател на 50 до 60 луѓе.

Коментари


Остави коментар