logo

# Сатира

Мицкоски вети дека со 80 пратеници ќе ја врати фасадата на МЕПСО

насловна слика
Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицковски, поради забраната за јавни собири одржа митинг на YouTube, на кој вети дека со двотретинско мнозинство во парламентот и силна влада повторно ќе ја залепи фасадата на МЕПСО. Како што рече тој во своето обраќање, барокната фасада попуштила затоа што во времето кога била поставена ВМРО-ДПМНЕ имало само 61 пратеник и смета дека со 80 таа ќе е далеку постабилна и со поголеми шанси да остане на ѕидот. Освен фасадата, тој вети дека има подготвен план како да ги врати галиите доколку во случај на поголем дожд заминат во Велес, потоа споменикот на Ќосето, како и споменикот на секој прав македонски патриот, Никола Груевски.

Коментари


Остави коментар