Лидерот на една од топ 5 партиите во државата што го имаат зборот "ВМРО" во своето име со позитивен статус објави уште една голема победа на својата партија! Имено, тој вели дека веќе неколку денови нема попис во државата, нешто што го смета за голем успех!
Еве што изјави Христијан Мицкоски на прес во Булачани:
"Ви реков ли??? ВИ РЕКОВ ЛИ??? Ми се смееја. Ме правеа лудак. Мислеа дека нема да ми успее. Мислеа дека сум идиот. АМА КОЈ СЕ СМЕЕ СЕГА??? КОЈ Е ИДИОТОТ СЕГА?? КОЈ??
Ви текнува ли кога во Мај собирав потписи за одложување на пописот? Дека не ми се допаѓаа парамтерите според кои се одвиваше пописот? Дека не ми се допаѓаше тоа што ќе има попис среде пандемија?
И што испадна? Се случи попис ист како тој што требаше во мај...
НО!!! КАДЕ СЕ СЕГА ХЕЈТЕРИТЕ????
Еве, откако започна месецов... веќе 3-4 денови нема попис!!!!
ШТО МИСЛИТЕ, ЗОШТО??
...што? Дека заврши датумто за попис??
Хахаха, ти си од овие хејтерите на фејсбук, а?
СЕКАКО ДЕКА НЕМА ПОПИС ПОРАДИ ТОА ШТО ЈАС, СО МОИТЕ ПОТПИСИ ОД МАЈ УСПЕАВМЕ ВО ЦЕЛТА!!!
БРАВО! ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ! ДА ЖИВЕЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ! ДА ЖИВЕА...овај, ја сум овој, не знам зошто у трето лице изговорив. ДА ЖИВЕЕМЕ!"