Христијан Мицкоски е доказ дека апсолутната моќ нема апсолутно деструктивна моќ врз секого! Господинот Мицкоски се покажува како човек со карактер и цврста волја и се уште се однесува смирено иако веќе една недела има мнозинство во собранието!
"Шо знам. Ја до сега претходно не сум бил ни мандатар, ни премиер ни човек со мнозиснтво во собранието. Еве, недела дена откако го добив мнозинството... не осеќам некоја промена. Не ми се верува дека луѓето се толку алчни за да стигнат на власт. Еве, седум дена поминаа чинам и уште ништо посебно се нема случено. Се е исто како кога бев и во опозиција. Почнувам да мислам дека некој нешто ме зафркава." - изјави Христијан Мицкоски.