logo

# Сатира

Мицкоски: Сите знаеме дека Данела стана градоначалничка со помош од СДСМ!!!

насловна слика

Продолжуваат расправиите помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на Скопје!


Во најновиот напад кон женскиот татко на градот Христијан Мицкоски ја обвини Данела Арсовска дека станала градоначалничка со помош на СДСМ.

 

"Данела Арсовска пак нешто зборела за мене, а? Тоа е. Што да очекувате од луѓе што се одбрани со помош на гласови од СДСМ. И Данела и другите од СДСМ треба да одговараат пред премиерот Зоран Заев. Не ме изненадува ништо од кандидатката на СДСМ." - изјави Христијан Мицкоски пред насобраните новинари.

 

Нашиот новинар беше збунет од оваа изјава, па го постави следното прашање:

 

"Господине Мицкоски, дали вие сметате дека сите луѓе што следат политика во земјава имаат меморија од 5 секунди??? Па сите знаеме дека таа стана градоначалничка со ваша помош. Сите знаеме дека Зоран Заев не е повеќе премиер. Дали вие сакате да ја смените историјата исто како и Мила Царовска? Сигурно не мислите дека сме толку идиоти да не паметиме што се случуваше пред буквално една година, дури и слики има вас двајца како славите заедно..."

 

Господинот Мицкоски на ова прашање само се насмевна и кажа "Луѓе, ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред." - по што се сврте и замина.

 

Коментари


Остави коментар