Дали се прашувате зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе некое време нема излезено од дома?
Не?
Добро, сепак ние ќе ви го дадеме одговорот.
Тоа е поради фактот што Христијан Мицкоски е позитивен на вирусот КОВИД-19. Не е се така црно, бидејќи тој испадна негативен на тестот за Мајмунски сипаници, како и на тестот за интелигенција.
Откако пред еден месец објави дека имало обид за негов атентат, тој на нашата редакција и откри дека обидите за негов атентат не престануваат.
Тој се сомнева дека откако не успеале да го елиминираат со пиштол, СДСМ решиле да го елиминираат со помош на Коронавирусот!
"Да, да, вистина е. Многумина сакаат да ме елиминираат. Неколку обиди за атентат до сега преживеав. Ете, пред некој месец објавив за ова. Мислев дека ќе престанат. Ама не престанаа. Еве, позитивен сум на КОВИД-19. Што мислите, туку така ли јас фатив Корона? У ова време??? Ма ајде ви се молам, не бидете наивни... Платени убијци! Ми кашлале зад грб!!! За да фатам вирус и да се разболам! Се сомневам дека СДСМ платиле луѓе за да ми кашлаат и да ме заразат. Нов ден - нов обид за атентат. Но битно преживеав. Ќе го победам КОВИД-19! И кога се ќе биде готово 19ка ќе биде само бројот на пратеници на СДСМ!!!" - емотивно изјави Христијан Мицкоски.
Пробавме да стапиме во контакт и со СДСМ, а тие велат дека ни на крај памет не би им текнало да кашлаат во близина на Мицкоски, туку поголеми се шансите да има плукање наместо кашлање.