logo

# Сатира

МИЦКОСКИ: СЕ СОМНЕВАМ ДЕКА НЕКОЈ ГО КИДНАПИРАЛ ПАРИЧЕТО ОД МОЈОТ ЛЕБ!!!

насловна слика

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја разбранува државата со негов фејсбук статус!

 

Христијан Мицкоски вели дека се било спремно вечерва, во 18 часот да ја пронајде паричката во бадниковото лепче, но и после неколку часови чекање и чепкање - паричката не се појавила.

 

Лидерот на опозицијата смета дека бадниковата паричка е киднапирана и се сомнева дека мрачни сили од власта стојат зад ова дело.

 

"НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ! Знам дека паричката е киднапирана! Се сомневам и дека ја подмитиле да ќути. Се беше спремно. Ова требаше да  биде мој ден! Ден кога конечно и јас ќе доживеам среќа! И туку така... нема паричка, а? Ако се појави кај некој друг тоа само ќе ми потврди дека паричката е киднапирана и дека ја подмитиле! Нема да сопрам се додека не откриеме што се случило... или додека народот не заборави на ова. Најверојатно се спрема жешка, спарна, изгор, пеколна македонска зима со масовни протести низ државата! НЕМА ОВА ДА ИМ ПОМИНЕ ТУКУ ТАКА!!! ДОСТА ТРПЕВ!!!" - напиша Мицкоски.

 

 

Коментари


Остави коментар