logo

# Сатира

Мицкоски: СЕ СОМНЕВАМ ДЕКА МОЈОТ ПРОТИВКАНДИДАТ Е КИДНАПИРАН!!!

насловна слика

Нов киднапирачки скандал во нашата земја!

 

Христијан Мицкоски смета дека неговиот противкандидат на изборите за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ бил киднапиран!

 

Тој вели дека почнал да се сомнева во нешто вакво кога приметил дека немало ниту еден друг кандидат на внатрепартиските избори.

 

"Опасно е батец. Киднапираат луѓе. Ете, Кастриот Реџепи го киднапираа. Кој е следен? Најверојатно мојот противкандидат! Затоа и бев единствен кандидат за лидер на избориве. Сомнително. Навистина сомнително. Се надевам дека ќе го најдеме човекот што требаше да биде мој противник на изборите!" - кажа Мицкоски во интервју за нашиот сајт.

 

Доколку имате видено човек што делува како да би го победил Мицкоски на избори, ве молиме пратете ни мејл за да можеме да ја истражиме оваа ситуација.

 

 

Коментари


Остави коментар