logo

# Сатира

МИЦКОСКИ СЕ ПОФАЛИ: На сите им ги скршив јајцата денеска!

насловна слика

Лидерот на една од опозициските партии во државата - Христијан Мицкоски денеска имаше говор во кој честиташе Велигден.


Хејтерите ќе кажат дека го смешал Илинден со овој голем христијански празник, но реалистите што воопшто не се платеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе сфатат дека Христијан повторно докажува дека е човек со визија, човек што е не само еден чекор пред времето туку неколку месеци пред сите останти! Додека сите живеат во август 2021, тој живее во април 2022.

 

Освен честитката, тој денеска се пофали дека на сите им ги скршил јајцата и дека се надева дека при следната причина за славење тој ќе продолжи со ова темпо на кршење на јајца и дека ќе остане непобедлив во јајцокршечките натпревари.

 

На фејсбук му пишавме и пробавме да му објасниме дека денеска е Илинден, а не Велигден, по што господинот  Мицкоски ни врати со:

 

"Аха, така викаш дека ти е страв и тебе да не ти ги скршам јајцата! Ептен си јак преку тастатура дојди тука да видиш како ќе ти ги скршам јајцата!

Коментари


Остави коментар