Конечно! Одговорот што сите го очекувавме и причината поради која многумина од нас не спиеја последниов период!
Кој е ставот на Христијан Мицкоски за ситуацијата во Авганистан! Е па, нема повеќе чекање! Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција објави дека неговата поддршка оди кон Израел!
"Што мислам за ситуацијата со Авганистан и Талибанците? Па... искрено... ја сум за Израел. Сметам дека имаат право да прават што сакаат. Израел. Тоа е мојот избор." - изјави Христијан Мицкоски, кој го напушти пресот пред да му објасниме дека Израел нема никаква врска со моменталната ситуација.