logo

# Сатира

Мицкоски: Сакав да организирам фудбалска екипа, ама не можам да соберам 11 луѓе

насловна слика

На ден пред стартот на Европското Првенство во фудбал, Христијан Мицкоски најави дека планирал да направи своја екипа која би играла пријателски средби во фудбал ова лето.

 

Сепак, тие планови пропаднале, кога Мицкоски не успеал да пронајде вкупно 11 луѓе за фудбал.

 

"Ех, фудбал... батали таа работа... прво ми текоа треабло 11 на терен и 6-7 замени... па после кога видоа дека не можам да соберам толку луѓе, ми рекоа од ФФМ дека не мора замени, само со 11 играчи ќе можам да играм пријателски фудбалски средби ова лето. И така имав проблем.

Па после ми текна!

 

Демек протест ќе организирам! Демек ќе блокираме улици... и....

 

Ни тоа не ми успеа... Се собравме пет-шест луѓе....

 

Сега за сега имаме две крила, двајца дефанзивци, напаѓач, а јас ќе бидам голман и ќе го бранам мојот гол исто како што ја бранам државата.

 

Се надевам во следниве неколку денови ќе се собреме уште три-четворица на протестиве, па барем една фудбалска екипа да составиме..." - изјави Мицкоски во интервју за нашиот сајт.

Коментари

0nanGkaU4pBkJRnsMGmmylPoJYDIaR3Gx1FNnCLs

Мицко едино шо може да собере се пар џандари и два попа, евентуално фул од ЈО со пар дами....


Остави коментар