Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно со нова тактика да добие што е можно повеќе гласови на следните избори. Овој пат, тој се надева дека неговото ново име ќе донесе поголем број на гласови од муслиманите во земјава.
Тој дошол до идејата за промена на името откако екипа на ПР експерти решиле дека името "Христијан" потсеќа на христијанството и тоа е причина зошто не добива повеќе гласови кај муслиманското малцинство во земјава.
"Религијата создава поделби. Зошто да се викам Христијан? Демек христијанин сум? Еве, постои и името Ислам. Можам да се преименувам во Ислам Мицкоски. Или пак Буда Мицкоски. А зошто да не се преименувам во Атеист Мицкоски? Пошто Атеист не е име ваљда... Ама нема врска, друга ми беше поентата. Зошто да се делиме на христијани и муслимани? Сите сме луѓе! Затоа, наместо ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ од сега моето ново име нема да потсеќа на религија. Моето ново име ќе биде ЧОВЕК МИЦКОСКИ. Победуваме!" - изјави Човек Мицкоски за нашиот сајт.
Ислам Каримов беше поранешен претседател на Узбекистан. Кој знае, можеби Човек Мицкоски ќе стане претседател на Македонија.