Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ конечно се појави со свој став во медиумите, само неколку недели откако не успеа да стигне до мнозинство во собранието.
Имено, тој вели дека во последниве неколку денови почнувале да му се појавуваат мрачни и нереални мисли дека можеби, тој сепак и нема мнозинство!
"Не знам. Најверојатно е сезонска депресија. Ама еве, последниве пар денови почнувам да се сомневам дека можеби и немам мнозинство? Не знам. Најверојатно ќе ми се јавеше некој нешто да ми каже? Да ми честита? Ми честитаа на старт до душа, ама еве, последниве пар недели никој не ме нарекува премиер или мандатар или што ти знам... Чудно ми е некако, сфаќаш? Не знам, почнувам да се сомневам дека немам мнозинство. Ајде, таков е периодот, ќе ми помине ваљда и ќе се вратам на тоа да имам мнозинство. Кај и да е. Сигурно." - му кажа Мицкоски на нашиот новинар.