logo

# Сатира

Мицкоски: Нормално дека ќе имам став за Израел, ова не е референдум!!!

насловна слика

Познатиот професор, политичар, лидер, фејсбук поет, а пред се хомо сапиенс - Христијан Мицкоски конечно објави зошто веднаш се појави со свој став за ситуацијата меѓу Израел и Палестина, а не се појави со никаков став за референдумот како и за уште неколку други битни политички случувања во државава.

 

"Видете. Израел е тоа. Ептен битна држава. Па не е ова Македонија па да се двоумам? Јас ви велам дека Израел беше нападнат од Палестина. Не може ние туку така да седиме од тука и да немаме став. Е сега ок, ако беше нападната нашата земја... тогаш многу ќе беше клучно да не избрзуваме и со ладни глави да решиме дали ќе имаме став или не. Ама кога станува збор за Израел, секогаш сум тука со мојот став и стап." - одговори Мицкоски

Коментари

mfBKBmxpsn7pBjshw4NTEHVRAu990AmJsXp9QOPN

Дефинитивно мудар потез...


Остави коментар