logo

# Сатира

Мицкоски нема став дали пожарот во Тетово е лош

насловна слика

Екипата на Кооперација стапи во контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да го дознае неговиот став за катастрофата во Тетово. 


Господинот Мицкоски делуваше разочарано што го сретнавме и ни го даде следниот одговор на прашањето за неговиот став:

 

"Лелеее..... кај ме најдовте сеа бе... тргнав на планина, треба селфи некое да се сликне... не знам шо да ви кажам. Пожарот... жртвите... болници... не знам... можеби е добро? Можеби е лошо? Не знам... 

 

Искрено, мислам дека народот сам знае најдобро. Не сакам да им се мешам. Нека помине некое време, па ќе дојдам до заклучок дали е добро да има пожар и да умираат луѓе.

 

Не знам.

 

Можда и нема да оформам свој став за ситуацијава. Не знам... не ме избрзувајте... има време..." 

Коментари


Остави коментар