Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред само десетина денови побара помош од Владиката Агатангел за помош на нашата земја која може да биде создадена само со Христијан Мицкоски како премиер.
Сепак, во меѓувреме излезе и сериозна ситуација во Украина, па екипата на Кооперација го запраша господинот Мицкоски дали ќе побара Господова помош за мир во светот.
Опозиционерот ни даде негативен одговор.
"Не. Од Господ барам помош само за сериозни работи. Како на пример да дојдам на власт. Нема потреба да го замарам Господ за глупости. Украинците сами ќе си се снајдат." - беа зборовите на Мицкоски.