Најголемиот визонер во македонската политика повторно докажува дека заслужено го има овој епитет!
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се пофали за својата визија за државата и дека е презадоволен што конечно и СДСМ сфати дека неговото предвидување е реално и покрај тоа што многумина му се смееја кога тој велеше дека Заев ќе падне и ќе има нова влада!
"Ви реков? Заев дека ќе падне? Ви реков? Дека ќе има нова влада? Дека во 2022 ќе има нов премиер? Ви реков? И не само јас, седнавме таму 5-6 фаци се договоривме уште во декември. Ви текнува како ми се смеевте? За Кастриот? За муабетите? За сликите? За се? Ви текнува? И сега? Кој бил во право? Ем Заев не е премиер ем има нова влада! ВИ РЕКОВ! ОДИМЕ ПОНАТАМУ ВО НОВИ ПОБЕДИ!" - изјави Христијан Мицкоски во разговор со еден од нашите новинари, но замина пред да пробаме да му објасниме деак сепак тој се уште не е премиер.
Ама се надеваме дека знае. Се надеваме.