Откако лидерот на СДСМ обвини дека злото се обединува за да ги сруши СДСМ од власт, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ категорично ги дематираше изјавите дека злото се обединило!
"Не вистина!" - започна пресот на Христијан Мицкоски. "Не е вистина дека ВМРО се обединило со злото. Пола луѓе ни отидоа во владата на СДСМ, другата половина не верува во мене. Пробав да направам коалиција и мнозинство... ама не ми успеа! Ни злото не сака со мене да прави коалиција! Преку сила успеав некако да го убедам Зијадин Села. Му реков на Села да направи муабет со Злото и да го убеди да влезе во коалиција со нас... ама ништо, дури ни Злото не ме сака. Можеби е навреден од нашата кампања 'За сите луѓе' ? Не знам, ќе пробаме, ќе смениме ако треба во "За сите луѓе и останати ентитети на планетава", па и Злото ќе сака да влезе во коалиција со мене? Ама сега за сега... јок, никој не сака коалиција со мене, дури ни Лиле ДОМ! ЛИЛЕ ДОМ МЕ ОДБИВА! Знаете ли тоа колку ми го сруши егото? Ако една Лиле не сака со мене... каква шанса имам со злото? :( " - изјави Христијан Мицкоски и си замина пред да го прашаме како успеа да го изговори " :( " во вистински живот.