Во свет во кој секој има свој став за актуелната ситуација - биди Христијан Мицкоски!
Екипата на Кооперација го запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за неговото гледиште на работите во земјава, но тој кажа дека не следи веси, не знае што се случува и генерално гледа да не се замара ептен со политика.
"Уф, не знам што да мислам. Не се замарам ептен со политика. Гледам да излезам на кафе со пријатели, до планина да отидам, некое селфи да сликнам, до утакмица на стадион... тоа е животот, убавина. Нема зошто да се замараме со негативни работи. Би ти препорачал и ти истото да го направиш, батали ова политика, нема леб у тоа, батец." - беа зборовите на Мицкоски.
Добар совет. Екипата на Кооперација едвај чека да ја прочита неговата книга за здрав живот која претпоставуваме ќе има повеќе вакви совети.