logo

# Сатира

Мицкоски: НЕ САКАМ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ! УСТАВНА РЕАЛНОСТ Е ВЛАДЕЕЊЕТО НА КОВАЧЕВСКИ!!!

насловна слика

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат* докажа дека е господин од чест, интегритет, морал и етика! Христијан Мицкоски цврсто, јасно и недвосмислено одби било каков разговор за предвремени избори и кажа дека ќе почека да заврши владеењето на Димитар Ковачевски па дури потоа ќе се спрема за избори.

 

"Ма ајде ви се молам. Зошто да барам предвремени избори? Не сум јас некој идиот! Срамота е да се помисли нешто такво. Владеењето на Ковачевски е уставна реалност и нема што сега јас тука да зборам за нешто спротивно од тоа. Си пишува таму црно на бело кој е премиер и кога ќе бидат следните избори. Јас до тогаш само можам да бидам во опозиција и да ќутам. Нема што да барам предвремени избори. Уставна реалност, дечки. Нема зошто да барам предвремени. Ајде поздрав сега, одам да планинарам." - изјави Мицкоски во разговор за нашиот сајт.

 

Браво, вакви луѓе ни требаат во политиката, а не некои хипокрити. Браво!

 

* = прв пат

Коментари


Остави коментар