Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во борбата против премиерот Ковачевски!
Тој вели дека Ковачевски мора веднаш да објасни дали навистина е неспособен или лажел за да не биде дел од војната во 2001.
"Ги имаме документите! Ковачевски рекол дека е неспособен! Ако тој лажел.. да си даде оставка! Не ни требаат вакви луѓе на чело на државата! Еееј, тој лажел наместо да фати пушка во рака и да се бори во војната во 2001!!!" - изјави Христијан Мицкоски на прес на партијата.
Потоа, следуваше дел каде новинарите можеа да го прашаат прашања, а нашиот новинар го постави следново прашање: "Господине Мицкоски, велите дека Ковачевски требало да се бори во војната во 2001. Ама еве, јас сум млад дечко, не ни бев роден во 2001. Дали може да ми кажете против кого била војната во 2001?", по што господинот Мицкоски одговори:
"Уф... хмм... знаеш дека не ми текиња? Хмм... не знам... Русија? Ваљда Русија? Нешто такво... Путин? Ким Јонг Ун? Нешто такво? Не е тоа поентата!!! Поентата е дека Ковачевски лажел во 2001!!! Лажел!!! Затоа, да си даде оставка како премиер за да можам да направам владина коалиција со Али Ахмети. Ајде, поздрав сега, се брзам, треба да се качувам на Водно."