logo

# Сатира

МИЦКОСКИ НАЈАВУВА НА ПРОТЕСТИ АКО СЕ СМЕНИ УСТАВОТ!!!

насловна слика

Храбро, достоинствено, моќно, недвосмислено и лидерски.

 

Ова се само дел од зборовите што новинарите ги користат денеска за да го опишат потегот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој на прес за медиумите објави дека ќе повика на неверојатно масивни протести доколку се смени уставот.

 

Имено, Христијан Мицкоски вели дека е тој е поприлично самоуверен во својата цел и вели дека целата партија е зад него и уште од сега се спремаат за протестирачките тактики доколку "недај боже дојде до смена на уставот" - вели лидерот на опозицијата.

 

"Огромни. Незапирливи. Обоени. Моќни. Уставни. Граѓански. Правични. И пред се масовни протести ќе се случат доколку се смени уставот на Израел. Не смееме да дозволиме Палестина да влезе во уставот на Израел и мора да сфатиме дека Израел има право да се одбрани. Палестина се лошите. Израел се добрите. Се додека ме држи гласот, се додека ме држат нозете, се додека ме држи разумот. До последната капка крв. Ќе се борам за уставот на Израел и нивното право за одбрана против Палестина. Да живее Израел! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!" - беше изјавата на Христијан Мицкоски.

 

Пробавме да го прашаме како ќе реагира доколку се смени устсавот на Република Македонија за во него да пишува дека нашата земја, а не Бугарија биле на страната на фашистите, а Мицкоски ни кажа - "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред." по што се сврте и замина.

 

 

Коментари


Остави коментар