logo

# Сатира

Мицкоски: На последните протести дозвлував само вакцинирани, затоа немаше луѓе!

насловна слика

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ конечно се изјасни за слабо посетените протести на опозициската партија минатата година! Имено, според Мицкоски, причината за тоа е што тој примал само вакцинирани луѓе на своите протести!

 

"Мора да се грижиме за своето здравје. Затоа, на сите мои протести, собири и митинзи дозволував само луѓе што имаат доказ за вакцина против КОВИД-19! Тоа е причината зошто немаше ептен луѓе. Нема ниту една друга причина!" - изјави Христијан Мицкоски.

 

Пробавме да му кажеме дека кога тој имаше протести за последен пат не ни постоеше вакцина против КОВИД-19, а да не збориме за сите останати негови митинзи и собири кои се случуваа во време кога не ни постоеше КОВИД-19 во светот, но тој само ни кажа "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото." - по што се сврте и замина.

Коментари


Остави коментар