logo

# Сатира

МИЦКОСКИ НА КОЛЕДЕ ЌЕ БАРА НОВО МНОЗИНСТВО ПРЕД ДОМОВИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!

насловна слика

Човекот што го порази Христијан Мицкоски на последните внатрепартиски избори не запира во своите желби за да постигне ново владино мнозинство!

 

Можеби последниот план му пропадна, но Мицкоски планира 2022 да ја започне со коледарење! И тоа ни помалку ни повеќе туку пред домовите на пратениците во собранието на РМ!

 

"Коледе е ден на давање. Одиш пред домот и пееш. И тој што живее таму ќе ти отвори и ќе ти даде нешто. Нели е генијална идеја? Ќе отидам пред домовите на пратениците и ќе им пеам:

 

КОЛЕДЕ ЛЕДЕ ПАДНАЛО ГРЕДЕ - КИДНАПИРАЛО КАСТРИОТ

КАСТРИОТ СЕ МАЧИ - ЖЕНА МУ ГО ЛАЖЕ

ЗА ЧЕТВРТИ ДАТУМ

АЛИЈАНСИ, ИНТЕГРИТЕТИ

МНОЗИНСТВО!!!

 

Ти текиња? Као песната што ја пеат дечињата, ама малце тематска ќе биде. Ок, не е нешто посебно, ама нема везе, битно пробав. 

 

И после ќе излезат пратениците... ама наместо дете ќе ме видат мене. И наместо костени... ќе ми дадат потпис на договор за ново парламентарно мнозинство!!! Ти текиња? Мора да бидеш паметен!" - изјави Мицкоски при разговор со нашиот новинар.

 

Коментари


Остави коментар