Сите му се смееја пред една недела откако не успеа да обезбеди мнозинство, но изгледа дека среќата на господинот Христијан Мицкоски се врти на спротивната страна!
Имено, како што вели тој, му фали уште еден човек за да добие мнозинство во сопствениот дом!
"Види, цело време се расправаме дома за тоа дали да гледаме фудбал или романтични филмови. Веќе неколку години сум во малцинство и на ТВ се гледа само тоа што сакаат другите. Знаете, во нашата куќа владее демократија и гласаме за тоа што сакаме да гледаме и затоа веќе неколку години немаме гледано тоа што јас сакам... НО! Среќата ми се насмевнува! Со помош на ветување за чоколади и смоки, успеав да добијам ветување од еден член на фамилијата дека следен пат ќе гледаме тоа што јас сакам! Нема да откријам кој е членот од фамилијата што вети дека ќе гласа за мојот избор бидејќи не сакам да го киднапира сопругата. Сега за сега се делува супер! Мислам дека многу веројатно ќе победам на следното гласање дома! Дебатата меѓу фудбал и романтични филмови ќе заврши со моја демократска победа! Едвај чекам! "The Notebook" е одлично филмско дело!!!" - изјави Мицкоски.