Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има уште едно хоби освен селфи фотографии и планинарење.
Тој, денеска во интервју за Кооперација.мк објави дека хоби му е собирање на мнозинства и дека до сега има собрано 12 мнозинства во оваа година. Како што вели тој, ако успее да собере уште три мнозинства до крај на годината тој ќе добие попуст на тави, а богами и на Џек ЛаЛејн Пауер Џусер.
"Да, вистина е. Колекционер сум на мнозинства. Сите сакаме нешто да собираме. Некои собираат џамлии, некои собираат сликички, а јас собирам мнозинства. Оваа година собрав 12. Ми фалат уште три и ќе добијам попуст на тави! Едвај чекам!" - кажа видно возбудениот Христијан Мицкоски.
Од информации блиски на владата пак, дознаваме дека и Зоран Заев има свое хоби - ветување и неисполнување на оставки.