logo

# Сатира

Мицкоски: Кога човек е незадоволен... добро, почекај и на други мажи се дешава ова...

насловна слика

Христијан Мицкоски застана зад кандидатурата на Митко Јанчев за градоначалник на Кавадарци.

 

На настанот, Мицкоски кажа дека тој е задоволен од досегашниот градоначалнички мандат на Јанчев и кажа "Кога човек е задоволен, задоволството треба да трае!"

 

Проблемот настана кога тој продолжи со говорење и кажа:

 

"А кога човек не е задоволен.... па ок. Дај време малце. Се дешава ова и на други мажи. Стрес. Работа. Цело време по штабови одам. Се среќавам со луѓе. Ок е, глава ме боли, што ти е на тебе, мислиш сите имаат кондиција за секој трет месец по пет минути да издржуваат? Се дешава бе..."

 

Новинарите беа збунети и немаа поим за што говори Христијан Мицкоски.

Коментари


Остави коментар